Достапни линкови

Бајден во наредната недела во посета на Романија


Американскиот потпретседател Џо Бајден ја прифатил поканата од романскиот претседател Трајан Басеску и во наредната недела ќе ја посети Романија, каде што ќе разговара за кризата во Украина и однесувањето на Русија. До посетата доаѓа откако рускиот заменик премиер Дмитриј Рогозин напиша на Твитер дека наредниот пат кога ќе лета над Романија, ќе биде во бомбардер. Романија побара објаснување за ваквата изјава. Белата куќа соопшти дека Бајден во Букурешт ќе порача оти САД остануваат посветени на колективната одбрана на земјите членки на НАТО.
XS
SM
MD
LG