Достапни линкови

Волерс - сакаме да помогнеме во реформите за владеење на правото во Македонија


Академијата за судии и јавни обвинители со поддршка на Амбасадата на САД и Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите денеска и утре организираат конференција „Искуствата на САД со казнената реформа и придобивки за Република Македонија“. Конференцијата ја отвори американскиот амбасадор во Македонија, Пол Волерс кој изрази надеж дека долгогодишните американски искуства од оваа област ќе бидат корисни за Македонија. „Евроатланската интеграција е клучниот приоритет во надворешната политика на оваа Влада. Сакаме да помогнеме во тие напори. Подобрувањата на полето на владеењето на правото претставуваат клучен дел од тие напори. Сметаме дека унапредувањето на реформите и насоките на казнената политика се важен дел од овие процеси, изјави Волерс. Претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова и јавниот обвинител Марко Зврлевски истакнаа дека новиот Закон за кривична постапка вовел нови институти, меѓу кои најважен е институтот спогодување меѓу јавниот обвинител и обвинетиот, заедно сo неговиот бранител.
XS
SM
MD
LG