Достапни линкови

logo-print

Пролетна офанзива на талибанците во Авганистан


Талибанците со серија смртоносни напади започна „пролетна офанзива" во Авганистан.

Група милитанти упаднаа во канцеларијата Одделот за правда во источната провинција Нангахар на 12 мај, при што убија двајца чувари и четири вработени. Тројца напаѓачи потоа беа убиени од безбедносните сили.

Властите во провинцијата Газни, југозападно од Кабул, соопштија дека најмалку три лица загинаа, кога талибанците нападнаа полициски пункт. Два проектили беа истрелани врз меѓународниот аеродром во Кабул а четири ракети ја погодиле воздушна база Баграм северно од Кабул.

Ракетните напади не предизвика жртви. Талибанците минатата недела најавија дека нивмната годишна "пролетна офанзива" започнува на 12 мај.
XS
SM
MD
LG