Достапни линкови

Најмногу коментари за НАТО и бојкотот на Парламентот од СДСМ


Евентуалниот прием на Македонија во НАТО поттикнат од состојбите во Украина и отсуството на опозицијата од Парламентот, се најкоментирани содржини на нашата интернет страница.

Откако се случува украинската криза, кај нас се особено актуелни размислувањата дека кризата во Украина може да го поттикне приемот на Македонија во НАТО. И нашето прашање во Хајд паркот е токму на таа тема, но може да се забележи дека коментарите од вас, почитувани, се различни.
За членство во НАТО и ЕУ треба да се исполнат некакви политички критериуми - владеење на правото, демократија, човекови права... Дали ние ги исполнуваме овие критериуми?
Коментар на читател.


Најкатегоричен е Пане од Далас, Тексас, кој им се обраќа на оние во земјава кои, според него, само чекаат некој друг да ги рани, а освен тоа, Пане напишал: „Што бара Македонија во најголемата терористичка организација?“

Некој потпишан со „Пуста надеж“, од Скопје го прашува Панета што бара да живее во Тексас, врати се во Македонија и уживај во благосостојбата, вели. За Аце од Велес условите за прием во НАТО се срамни и понижувачки, а Пуста надеж смета дека прашањето е преамбициозно, смешно, дури, кога околу 70 отсто од младите гледаат да избегаат од земјата. Тој потсетува дека за членство во НАТО и ЕУ треба да се исполнат некакви политички критериуми - владеење на правото, демократија, човекови права... Дали ние ги исполнуваме овие критериуми?, прашува Пуста надеж.

За, барем засега, отсуството на опозицијата од Парламентот, посетителите на нашата веб-страница употребиле, главно, фудбалски речник.
Фудбалскиот натпревар во Македонија е со поткупен судија, изманипулирани навивачи, а на гостинската екипа ѝ е забрането да носи копачки.
Коментар на читател.

За МКД работата е едноставна: ако не се појавиш на работа, ќе те избркаат и ќе вработат некој друг. Ако некоја партија реши да не се појавува во парламентот, нејзините пратенички места ќе ги ставиме пак на гласање, ќе се најде некој што подобро ќе работи од нив.

Јове од Битола пишува дека фудбалскиот натпревар во Македонија е со поткупен судија, изманипулирани навивачи, а на гостинската екипа ѝ е забрането да носи копачки.

Бургија од Зрзе потсетува дека опозицијата ни досега немала некаква улога во Собранието, не успеала да спречи некој штетен закон, нивните предлози биле игнорирани. Во што е поентата на едно такво нивно присуство во Парламентот? Само поради легитимност? , прашува Зрзе.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG