Достапни линкови

logo-print

Русија ја предупреди Молдавија за ЕУ


Дмитриј Рогозин

Дмитриј Рогозин

Рускиот заменик-премиер Дмитри Рогозин го предупреди Кишињев на можни економски реперкусии доколку Молдова потпише договор за асоцијација со ЕУ.

Во интервју за рускиот весник "Комерсант", Рогозин наведе дека пред влезот во ЕУ, земјите стануваат членки на НАТО, а со тоа ќе се промени и неутрален статус на Молдавија.

Рогозин рече дека Русија наместо тоа би го поздравила членството на Молдавија во Царинската унија предводена од Москва.

Интервјуто дојде еден ден откако молдавските власти од руски авион конфискуваа претставки со барање на жителите на Трансдњестар до Москва за анексија на оваа територија.

Листите биле земени од авионот на Рогозин во Кишињев по неговата контроверзна посета на сепаратистичкиот регион Трансдњестар.
XS
SM
MD
LG