Достапни линкови

Србија до 2020 ќе го заврши пристапниот процес за ЕУ


Шефот на пратеничката група на социјалдемократите во Европскиот парламент, Ханес Свобода оцени дека е реално Србија пристапниот процес за членство во Европската унија да го заврши до 2020 година.
Тој во изјава за „Вечерње новости“ порача дека приоритет за новата Влада би требало да бидат економските реформи и борбата против корупцијата. Преговорите денес подолго траат, а останаа и уште многу отворени прашња. Но мошне се радуваме поради тоа што разговорите меѓу Белград и Приштина напредуваа и доколку го поместиме рокот од 2018 на 2020, тоа би било можно, изјави Свобода.
XS
SM
MD
LG