Достапни линкови

logo-print

Заев лидер - СДСМ не ги прифаќа пратеничките мандати


Зоран Заев останува на функцијата претседател на СДСМ откако на синоќешниот конгрес на партијата доби доверба од 413 делегати, од вкупно 593 кои гласаа.

Поддршка од конгресот добија и заменик претседателката Радмила Шекеринска, како и Централниот одбор и Надзорниот одбор.

Претходно, конгресот на СДСМ едногласно го усвои Извештајот за претседателските и парламентарните избори 2014 година.

Највисокото тело на СДСМ едногласно ги потврди одлуките на Извршниот и Централниот одбор за непризнавање на изборниот процес и неприфаќање на мандатите за пратеници. Конгресот на СДСМ застана зад оценката за нерегуларни избори и системски грабеж на изборите, соопшти СДСМ по конгресот.
XS
SM
MD
LG