Достапни линкови

logo-print

Започнува кампањата „ ЕУ одблизу“


Од денеска до 23 мај патувачкиот автобус на ЕУ, како дел од информативната кампања „ЕУ одблизу“, ќе посети десет села низ целата земја. Денеска ЕУ автобусот ќе ја посети Чашка.
Заедно со претставници на Делегацијата на Европската Унија, во автобусот ќе бидат амбасадори на неколку земји-членки на ЕУ, претставници на Владата, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (ИПАРД), како и локалната невладина организација Европско движење, студенти и претставници на медиумите.
Целта на оваа информативна кампања, организирана од Делегацијата на ЕУ е да се воспостави директна комуникација со населението од руралните средини и да се понудат информации поврзани со Унија и земјите членки.
ЕУ автобусот утре ќе го посети Центар Жупа, а во следните денови и Шемшево, Ростуше, Јосифово, Новаци, Студеничани, Истибања, Зрновци и Старо Нагоричане
XS
SM
MD
LG