Достапни линкови

Зоран Заев останува претседател на СДСМ


Зоран Заев останува лидер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Оваа одлука е донесена со тајно гласање на 18-от конгрес на партијата, кој се одржуваше денеска во Скопје. За продолжување на водењето на партијата од страна на Заев гласаа 413 делегати на конгресот, а против беа 176-мина.
На гласањето му претходеше повеќечасовна дебата, во која 42-јца делегати имаа обраќања за поддршка, или за барање смена на раководството на партијата.

Претходно, Конгресот на СДСМ едногласно го усвои Извештајот за претседателските и парламентарните избори 2014 година. Со одлуката, највисокото тело на СДСМ едногласно ги потврди одлуките на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ за непризнавање на изборниот процес и неприфаќање на мандатите за пратеници. Конгресот на СДСМ, застана зад оценката за нерегуларни избори и системски грабеж на изборите од страна на режимската власт на Никола Груевски, се вели во соопштението од оваа партија. Во него се додава дека со оваа одлука Конгресот поддржал продолжување на активностите на СДСМ кон создавање услови за спроведување фер и демократски избори и функционални институции кои неселективно ќе се справуваат со криминалот и корупцијата во Македонија, посебно кога доаѓаат директно од врвот на власта.
XS
SM
MD
LG