Достапни линкови

Превирањата во СДСМ во фокусот на неделниот печат


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Состојбите во СДСМ по барањето на поранешниот партиски лидер Бранко Црвенковски за повлекување на актуелното раководство се тема за анализа во неделниците.

И Фокус и Република пишуваат за веста број еден во изминатава недела, за „Судирот на левицата“ или за „Претконгресното бранкојавление“ - како што насловува Фокус и за тоа „Кој да ја турка неговата агенда - Црвенковски пресече пред конгресот на СДСМ“ - според Република.
Дали Пендаровски е во клинч помеѓу Црвенковски и Заев.
Фокус.


Фокус - Претконгресно бранкојавление

Дали Пендаровски е во клинч помеѓу Црвенковски и Заев, прашува Фокус, наведувајќи дека тој е новата природна обединувачка фигура на СДСМ и опозицијата. Тој не мора да биде партиски претседател, но е политички авторитет пар екселанс за обединување, не само на СДСМ, туку на едно пошироко опозициско движење за слобода, правда и демократија зад кое би застанале граѓаните што гласаа за него, наведува Фокус предлагајќи, во догледно време, СДСМ заедно со своите коалициски партнери да излезе со влада во сенка, или влада од асфалт, ако долго остане надвор од Парламентот, чиј премиер би бил токму Стево Пендаровски.
Најверојатно, на конгресот Заев ќе посака нов мандат и ќе го добие, што е и легитимно. Но потоа, кога страстите ќе се смират, на Заев нема да му биде нималку лесно:
Глобус.


Република - Државата повторно е заложник на стратегијата на ’отпорот‘

По малку злобно, Република насловува дека „Државата повторно е заложник на стратегијата на ’отпорот‘“, наведувајќи го наводниот коментар „Толку од Заев“, на многумина, како што пишува, по интервјуто со почесниот претседател на СДСМ за тоа дека ниту тој ниту Заев не се решение за партијата. Република смета дека по пофалбите за Стево Пендаровски, доскорашен соработник на Црвенковски и претседателски кандидат, станало јасно дека целата претседателска кампања, всушност, била промоција на новиот лидер на опозицијата. Со тоа што Пендаровски сам ја водеше својата кампања, нема да може да се спојува со СДСМ и пред јавноста требаше да изгледа дека застанува спроти Црвенковски. Со тоа станало јасно, претпоставува Република, дека СДСМ, односно, „тој што ги влече конците“ - како што пишува, водеше кампања за промоција на Пендаровски како иден лидер на СДСМ, дома и во странство.

Глобус - Предлогот на Црвенковски е фер

Глобус, во една од редовните колумни, пишува дека „Предлогот на Црвенковски е фер“ на чело на СДСМ да не бидат ниту Заев, ниту Црвенковски, туку Стево Пендаровски. Авторот на колумната не верува дека во овој момент, кога СДСМ е разголен и ранлив, како што пишува, претстојниот конгрес ќе биде во знакот на компромисот, кој му е неопходен за обединувањето и единството во СДСМ, како најважни вредности на партијата. Најверојатно, на конгресот Заев ќе посака нов мандат и ќе го добие, што е и легитимно. Но потоа, кога страстите ќе се смират, на Заев нема да му биде нималку лесно: тој најпрвин ќе мора да направи анализа на што се должи рекордно нискиот резултат на овие избори, смета Глобус и ја префрла топката кај Заев: и другата страна има право да предложи компромис, па сега редот е на Заев да даде свое видување за компромисот.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG