Достапни линкови

Средба Шариф-Рохани во Техеран


Пакистанскиот премиер Наваз Шариф денеска се сретна со иранскиот претседател Хасан Рохани во Техеран, на почетокот на посетата во текот на која најверојатно же се разговара и за граничната безбедност и застојот околу потпишувањето на договорот за гасовод. Официјалната новинска агенција ИРНА објави дека Шариф и Рохани имале кратка средба за ручек, и дека се планирани подетални разговори за "билатералните прашања и проширување на економската соработка." Се очекува Шариф да се сретне и со врховниот лидер, ајатолахот Али Камнеи. Посетата се случува во време кога се зголемени тензиите меѓу двата соседи.
XS
SM
MD
LG