Достапни линкови

Пет мртви во бомбашки напад во Авганистан


Авганистанските власти соопштија дека во самоубиствен бомбашки напад насочен кон армиско возило возило во јужниот дел на Авганистан, загинале пет цивили, а биле ранети 36. Портпаролот на локалната самоуправа изјави дека четири војници на авганистанската армија биле повредени во нападот во областа Мајванд, во покраината Кандахар. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот. НАТО пак соопшти дека еден од нејзините членови починал како резултат на повреда која не е поврзана со борбите во северниот дел на Авганистан. Нема повеќе детали за смртта на војникот.
XS
SM
MD
LG