Достапни линкови

logo-print

Шредер ја правда средбата со Путин



Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер ја бранеше многу критикуваната средба со рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека таа му помогнала на проектот за ослободување на набљудувачите на ОБСЕ во источна Украина. Шредер, кој ја напушти функцијата во 2005 година, долго време имаше блиски односи со Путин, а во моментов е на чело конзорциумот Северен поток, под капа на Рускиот гасовод. Шредер привлече доста критики за неговите фотографии на кој го прегрнува Путин на својата роденденска забава во Русија на 28 април, во време кога германските воени набљудувачи од Организацијата за безбедност и соработка во Европа беа во заложништво од страна на про-руските сили во Украина. Шредер изјави дека тој побарал од Путин да им помогне за ослободување на заложниците и уверува дека разговорите "довеле до успех."
XS
SM
MD
LG