Достапни линкови

За официјална Украина референдумот на истокот е фарса



Референдумот за самоопределување кој денеска се одржува во двете источно-украински региони Луганск и Доњецк, Украина го нарече криминална фарса.
Според министерството за надворешни работи на Украина, гласањето кое се спроведува од страна на про-руските сили е како што се наведува во соопштението"инспирирано, организирано и финансирано од страна на Кремљ".
Сергеј Пашински, шеф на в.д администрацијата на Украина, изјави дека во две третини од регионите не се одржал референдумот. Но, самопрогласените функционери во двете области тврдат дека излезноста е голема и оти многу гласачи учествуваат на изборите.
XS
SM
MD
LG