Достапни линкови

Молдавија конфискуваше документи за анексија на Трансдњестер


Молдавските власти конфискувале кутии од руски авион во Кишињев, во кои имало списоци, наводно потпишани од страна на жителите на отцепениот регион на Трансдњестер со кои се бара Русија да ја анектира територијата. Кутиите биле земени од авинот на рускиот заменик-премиер Дмитриј Рогозин во Москва по неговата посета на Трансдњестар за Денот на победата. Но Рогозин изјави дека повеќето од кутиите пристигнале во Москва. На својот фејсбук профил, Рогозин напиша дека неговата делегација ја донесе до руското раководство пораката од Трансдњестер. Министерството за надворешни работи на Молдавија соопшти дека документите биле запленети за да се провери нивната законитост и додаде дека патувањето со Рогозин и неговата делегација пратеници од Думата го одбележале провокативни изјави. Молдавскиот регион Трансдњестер каде што се зборува на руски јазик има де факто независност и бара од Русија да го анектира.
XS
SM
MD
LG