Достапни линкови

Почина хрватскиот генерал Мартин Шпегељ


Поранешниот хрватски министер за одбрана, пензионираниот генерал Мартин Шпегељ, почина на 87-годишна возраст, јавија хрватските медиуми. Во првата половина на 80-те години на 20-от век Шпегељ беше командант на Територијалната одбрана во Хрватска, а во 1985 година ја презеде командата над Петтата армиска област на некогашната Југословенска народна армија (ЈНА), чие седиште беше во Загреб. По првите повеќепартиски избори во Хрватска стана министер за одбрана, но беше принуден да поднесе оставка на функцијата во мај 1991 година, по објавувањето на тајно снимените преговори за купување на оружје на црно за потребите на идните вооружени сили на Хрватска.
XS
SM
MD
LG