Достапни линкови

Осумнаесет мртви при уривање на ѕид во Кина



Државните медиуми во Кина соопштија дека 18 луѓе загинале, а тројца биле повредени, кога се урнал ѕид. Трагедијата се случила во источниот град Кингдао во близина на фабрика за рециклирање. Според Канцеларијата за информации на Владата во Кингдао, колапсот на ѕидот урнал една од куќите за работници во која имало 40 луѓе. Властите ги испитуваат причината за несреќата. Источниот крајбрежен регион е преплавен од обилните врнежи во последните неколку дена.
XS
SM
MD
LG