Достапни линкови


Виетнам дозволи неколку стотици демонстранти да одржат протест против поставувањето платформа за вадење нафта во спорните води. Денешниот протест пред кинеската амбасада во Ханој беше необичен поради тоа што виетнамската влада строго ги контролира јавните собири во земјата. Други протести против Кина, вклучувајќи и еден со повеќе од 1.000 луѓе во Хо Ши Мин Сити, се одржаа во други локации во Виетнам. И Кина и Виетнам тврдат дека поседуваат територијални права во Јужното Кинеско Море. На први мај Пекинг постави опрема за нафта во спорната област и предизвика конфронтација меѓу двете земји.
XS
SM
MD
LG