Достапни линкови

Најмалку 32 повредени при експлозија во дискотека во БиХ


Најмалку 32 лица се повредени во текот на минатата ноќ при експлозија на бомба во дискотека во градот Велика Кладуша во северозападниот дел на Босна и Херцеговина, јавува Танјуг. Според полицијата на Унско-санскиот Кантон, лице кое е меѓу ранетите, во 3:30 часот фрлило експлозивна направа во дискотеката „Екс“ во Велика Кладуша. Во полициското соопштение се посочува дека при експлозијата нема загинати и дека сите ранети лица се пренесени во болницата во Бихаќ. Еден од ранетите се наоѓа во критична состојба. Мотивите за предизвикувањето на експлозијата засега не се познати. Сторителот на ова дело и порано извршувал разбојништва, а неодамна бил пуштен од затвор.
XS
SM
MD
LG