Достапни линкови

Референдум за независност во Луганск и Доњецк



Два региона во Украинскиот исток каде се зборува на руски јазик денеска одржуваат референдум. Гласачките ливчиња во Луганск и Доњецк бараат едноставен одговор од гласачите да кажат дали го поддржуваат "самоуправувањето." Референдумите се спроведуваат од страна на бунтовничките движења и не се признаваат како легитимни од страна Киев или на Запад. Гласањето се одржува и покрај повикот од страна на рускиот претседател Владимир Путин да се одложи. Актуелниот украински претседател Александар Турчинов предупреди дека гласањето претставува "чекор во бездната." Тој рече дека владата е подготвена да преговара со претставници од исток, но не со некои како што ги нарече "терористи, чија задача е уништување на земјата." Аналитичарите велат дека брзо подготвените референдуми се слични на референдумот во март во Крим со што се отцепи од Украина. Крим беше официјално анектиран од Русија неколку дена подоцна.
XS
SM
MD
LG