Достапни линкови

Авион натоварен со дрога се урна во Албанија


Албанската полиција соопшти дека уапсила еден италијански државјанин, откако неговиот мал авион натоварен со дрога се урнал на јадранската плажа Дивјака на 80 километри југозападно од Тирана. Авионот од типот „Пајпер“ со оштетен пропелер и искината гума бил пронајден на плажата еден час по неговото полетување од аеродромот во Тирана. Во полициското соопштение се посочува дека на околу сто метри од местото на кое се урнал авионот, полицијата открила и еден автомобил во кој имало 450 килограми марихуана. Полицајците го уапсиле и возачот на автомобилот, кој кај себе имал 27.000 евра.
XS
SM
MD
LG