Достапни линкови

Почна Виз Ер Скопскиот маратон 2014


Повеќе од шест илјади учесници од 47 држави учествуваат на 10-от Виз Ер Скопски маратон 2014 што се одржува денеска. Ќе бидат реализирани трката на пет илјади метри, која има хуманитарен карактер, полумаратонот и главната трка маратонот на 42.195 метри. Промотор на маратонот е светскиот рекордер, Кениецот Вилсон Кипсанг. Годинава се натпреваруваат четворица Кенијци и две Кенијки, натпреварувачи од Романија, Унгарија, Италија. Како и секоја година, Виз Ер Скопскиот маратон ќе биде и државно првенство во маратон.
Настапуваат сите македонски маратонци.
XS
SM
MD
LG