Достапни линкови

logo-print

СДСМ: Насилно верификувани мандатите на опозицијата


Членот на Извршен одбор на СДСМ Рената Дескоска, во изјава за медиумите оцени дека „денешната верификација на мандатите на кандидатите за пратеници од опозицијата, и покрај нивните нотарски заверени изјави е уште еден доказ за самоволието, насилството и ароганцијата на власта“.

- Она што важеше за Ивица Коневски, Марјан Ристески и други кандидати за пратеници во 2011 година, кога нивните изјави за неприфаќање на мандатот беа прифатени, очигледно денес не важи за нас како опозиција, рече Дескоска.

Според неа, ВМРО-ДПМНЕ со тоа покажува двојни аршини и не ги почитува Уставот и законите.
XS
SM
MD
LG