Достапни линкови

Нови жртви во Фалуџа



Здравствените власти во Ирак соопштија дека во денешното гранатирање од страна на анти-владините борци во Фалуџа загинале 11 лица. Извори од главната болница во Фалуџа, информираат дека уште 20 лица се повредени во бомбардирањето. До ова доаѓа еден ден откако ирачките сили започнаа голема воена операција за да ја поврати контролата над Фалуџа, претежно сунитски град во провинцијата Анбар, западно од Багдад.
Според Ирачкото министерството за одбрана, владините сили убиле многу борци на Ал Каеда и конфискувале голем износ на оружје и неколку возила. Многу џамии и куќи биле оштетени за време на операцијата. Повеќе од 300 луѓе, претежно цивили се убиени во Фалуџа од почетокот на годината.
XS
SM
MD
LG