Достапни линкови

Стотици сириски бегалци се вратија во своите домови



Стотици Сиријци денеска се вратија во своите домови во стариот град Хомс, за прв пат во речиси две години, а веднаш по постинувањето договор за евакуација на бунтовниците од таа област. Последниот конвој на бунтовници се повлече од централниот сириски град на 9 мај по договорот за кој се преговараше меѓу владата и опозициските сили. Откако бунтовниците заминаа, владините сили ги исчистија евакуираните области од експлозиви. Гувернерот на Хомс Талал Барази изјави дека сега населбите се "безбедни и ослободени од оружје и востаници." Бунтовниците ги држеа под опсада централните населби на Хомс повеќе од една година, предизвикувајќи голема глад.
XS
SM
MD
LG