Достапни линкови

И денеска тензично во Мариупол



Продолжуваат тензиите во источниот украински град Мариупол и денеска, еден ден по крвавите борби кои избувнаа меѓу безбедносните сили и про-рускиот милитанти. Новинарските извештаи зборуваат за нови судири во градот, а началникот на полицијата во Мариупол, ВалеријАндрошчук наводно бил тепан и киднапиран од страна на неидентификувани напаѓачи. Украинските војници вчера започнаа рација против сепаратистичките бунтовници окупирајќи ја локалната полициска станица.
Министерот за внатрешни работи Арсен Аваков изјави дека 20 милитанти и еден полицаец загинале во борбите. Според него, уште четворица полицајци се повредени, а четири бунтовници заробени. Властите во Мариупол го прогласија денешниот ден за ден на жалост.
XS
SM
MD
LG