Достапни линкови

logo-print

Германија и Франција ја предупредија Украина



Германија и Франција предупредија дека ќе ги повлечат "соодветните последици" доколку по изборите на 25 мај во Украина не се постигне напредок како што е планирано. Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ако изборите не се признаат според меѓународните стандарди, тогаш се подготвени да преземат понатамошни дејства против Русија. Во заедничката изјава на Меркел и на францускиот претседател Франсоа Оланд се вели:
"Ако не постои меѓународно признаени претседателски избори, тоа ќе значи понатамошна дестабилизација на земјата."
Двајцата лидери ги повикаа сите страни во конфликтот во Украина да започнат со разоружување на нелегитимните сили и престанок на акти на насилство. Тие, исто така ја повикаа Русија "видливо" да ги намали своите воени сили во близина на украинската граница.
XS
SM
MD
LG