Достапни линкови

logo-print

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ постигнаа согласност за формирање нова Влада


ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ соопштија дека како партии кои добиле најголема доверба на граѓаните, постигнале согласност за формирање ново парламентарно мнозинство.
-Партиите при договарањето на оваа коалиција, пред се ги имаа интересот на граѓаните за овие прашања, како и контекстот на времето и моментот во кој се наоѓа Република Македонија, регионот, но и пошироко. Согласно своите програмски определби и изборни ветувања одлучија главни приоритети на идното владино делување во наредниот период да бидат евроатлантските интеграции, како и економскиот развој на земјата, изразен преку реформи и проекти за подобрување на економската и социјалната состојба, нови работни места и инвестиции, се вели во заедничкото соопштение што го испратија двете партии.
Оттаму посочуваат дека за таа цел ќе се формира и заедничка мешовита работна група од двете партии, за помагање, подршка и проценка на работата на владата и ресорните министерства вклучени во евроатлантскиот интегративен процес.
XS
SM
MD
LG