Достапни линкови

logo-print

САД бара истрага за убиството на пакистанскиот адвокат



САД ги повикаа властите на Пакистан темелно да го истражат убиството на адвокатот за човекови права Рашид Реман. Портпаролката на Стејт департментот на Џен Цаки рече дека Вашингтон е "длабоко потресен од убиството на Рашид Реман". Тој беше убиен од двајца неидентификувани напаѓачи на 7 мај во неговата канцеларија во јужниот дел на провинцијата Пенџаб. Реман беше координатор на Комисијата за човекови права во Пакистан. Овој адвокат застапувал клиент обвинет за богохулење а, изјавил дека добивал смртни закани во врска со случајот. Адвокатите во одбрана на богохулство во Пакистан често добиваат смртни закани од екстремистичките струи. Неколку правни фирми низ Пакистан почнаа штрајк во знак на револт против убиството на Реман.
XS
SM
MD
LG