Достапни линкови

ОБСЕ: Згрозени од состојбата со медиумите во Украина



Претставничката на ОБСЕ за слободата на медиумите, Дуња Мијатовиќ објави соопштение во кое се осудува континуираното влошување на состојбата со слободата на медиумите во Украина. Во нејзината изјава, Мијатовиќ вели дека е "згрозена од непријателската средина за медиумите и уште еднаш ги повикува сите страни да се воздржат од рестриктивни и насилни практики врз новинарите." Изјавата на Мијатовиќ вклучува примери на повреди против медиумите, вклучувајќи го и исчезнувањето на новинарот Николај Рајабченко во областа Мариупол, потоа Сергеј Гармаш, уредник на порталот Остров кој беше нападнат и убиен во близина на Донецк, потоа инцидентите во кои вооружени неидентификувани лица запираат ТВ екипи за да им ги проверат документите и запленувањето на опрема и многу повеќе. Според Мијатовиќ овие напади покажуваат дека во Украина се повредуваат основните човекови права.
XS
SM
MD
LG