Достапни линкови

ОН бара ослободување на киднапираните девојчиња во Нигерија



Советот за безбедност на ОН изрази бес поради киднапирањето на стотици девојчиња од страна на исламистички милитанти во Нигерија. Организацијата
"Боко Харам'' соопшти дека таа е одговорна за киднапирањето на повеќе од 250 ученички во североисточна Нигерија на 14 април и се закани дека ќе ги продаде во ропство. Советот за безбедност на ОН побара нивно итно ослободување и се закани дека ќе преземе акција против бунтовниците. Петгодишниот бунт на Боко Харам е насочен кон заживување на средновековниот исламски калифат во модерна Нигерија, чии 170 милиони луѓе рамномерно се поделени меѓу христијаните и муслиманите.
XS
SM
MD
LG