Достапни линкови

logo-print

Заробени околу 120 украински полицајци во Доњецк


Вооружена група од повеќе од 100 луѓе заробила околу 120 полицајци во градот Доњецк во источна Украина и ја презеле контролата врз еден санаториум во градот. Полицајците го користеле санаториумот како база, кога биле опколени од милитанти од таканаречената „Доњецка Народна Република“. Медиумите објавија дека имало престрелки и дека санаториумот го зафатил пожар. По неколку минути, полицајците се предале, го положиле оружјето и со автобуси биле одвезени некаде.
XS
SM
MD
LG