Достапни линкови

Најмалку осуммина загинати во борбите во Фалуџа


Најмалку осум луѓе загинаа во денешното гранатирање и вооружените судири во ирачкиот град Фалуџа. Болнички избори велат дека меѓу загинатите има и две деца. Владините сили и племенските борци кои се на нивна страна се обидуваат да ја вратат контролата врз градот во кој мноизнството од жителите се сунити. Милитантите ја презедоа контролата врз Фалуџа во јануари годинава. Во други инциденти ширум Ирак вчера загинаа 15 луѓе. Петмината од нив загинаа во бомбашки напад врз кафуле во предградие на Багдад.
XS
SM
MD
LG