Достапни линкови

Уапсен сопственикот на потонатиот брод во Јужна Кореја


Обвинителите што го истражуваат потонувањето на бродот во Јужна Кореја од минатиот месец наредија апсење на сопственикот на компанијата што го поседува бродот. Тој бил уапсен вчера поради стравувањето на властите дека може да уништи докази. Тој е петти вработен во бродската компанија што е уапсен, откако се појавија сомнежи дека неправилното распоредување на товарот и претовареноста можеби придонеле за катастрофата од 16 април. Уапсени се и сите 15 преживеани членови на посадата. Досега се откриени 273 тела на загинатите, а 31 сè уште се водат како исчезнати. Повеќето од жртвите се средношколци. Потрагата ја попречува лошото време и остатоците што пловат во внатрешноста на бродот.
XS
SM
MD
LG