Достапни линкови

logo-print

Лукшиќ: Црна Гора во ЕУ во 2021 година


Шефот на црногорската дипломатија Игор Лукшиќ.

Шефот на црногорската дипломатија Игор Лукшиќ.

Според процената на шефот на црногорската дипломатија Игор Лукшиќ, земјата ќе стане дел од ЕУ до крајот на деценијата или до 2021 година, јави Танјуг. Лукшиќ, меѓутоа, порачува дека јавноста не би требало да се оптоварува со датумите. Тој потсети дека Црна Гора досега отворила девет преговарачки поглавја, од кои две привремено затворила. Тој очекува во почетокот на јуни, на Меѓувладината конференција во Брисел, да бидат отворени уште некои поглавја во пристапните преговори. Според него, Црна Гора би можела до крајот на деценијата, значи во 2020 или 2021, да дојде до полноправно членство во ЕУ.
XS
SM
MD
LG