Достапни линкови

Путин - Крим се врати во прегратките на татковината


Воена парада во градот Севастопол.

Воена парада во градот Севастопол.

Рускиот претседател Владимир Путин го поздрави враќањето на Крим и Севастопол во „прегратките на татковината“ при неговата денешна посета на Крим, каде што присуствува на воената парада по повод 69-годишнината од победата против фашизмот во Втората светска војна. Со враќањето на Крим на Русија, според него, се потврдила историската вистина. Ова е прва посета на Путин на полуостровот, откако Русија во февруари го анектираше од Украина по контроверзниот референдум. Тој денеска присуствуваше на воена парада во градот Севастопол. Градот исто така прославува 70-годишнина од ослободувањето од фашистите. Путин денеска претходно присуствуваше на големата воена парада по повод Денот на победата на Црвениот плоштад во Москва.

Украинското Министерство за надворешни работи ја осуди посетата на Путин на Крим, оценувајќи дека тоа претставува нарушување на суверенитетот на Украина и намерно зголемување на тензиите.

Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен, денеска во Талин изјави дека верува оти посетата на Путин на Крим е „несоодветна“.
XS
SM
MD
LG