Достапни линкови

Блатер сака петти мандат на чело на ФИФА


Претседателот на ФИФА Сеп Блатер.

Претседателот на ФИФА Сеп Блатер.

Шефот на светската фудбалска федерација ФИФА, 78-годишниот Сеп Блатер, изјави дека од 209-те членки на федерацијата ќе побара петти мандат на функцијата. Се очекува тој официјално да ја поднесе кандидатурата на Конгресот на ФИФА во бразилскиот град Сао Паоло на 11 јуни. Изборот на нов претседател ќе биде одржан во 2015 година. Блатер е претседател на ФИФА од 1998 година. Четвртиот мандат тој го доби во 2011 година, откако неговиот противкандидат Мохамад Бин Хамам се повлече од трката по обвинувањата дека се обидувал да купува гласови.
XS
SM
MD
LG