Достапни линкови

Во Узбекистан секоја песна ќе треба да има официјално одобрение


Узбекистан подготвува закон, според кој, секој пејач или група кои ќе сакаат да снимат песна или албум, претходно ќе треба да добијат официјално одобрение. Одобренијата ќе ги издава државната агенција за контрола на музичката индустрија, која, според образложението, ќе треба да спречува објавување на “глупи” песни. Предвидено е законот да стартува од наредниот месец. Инаку, музичарите во Узбекистан мораат да имаат лиценца за работа, без која не можат да настапуваат на концерти, свадби и други јавни настани, како и да бидат емитувани на радио или телевизија.
XS
SM
MD
LG