Достапни линкови

Во Украина фудбал пред празни трибини, од безбедносни причини


Фудбалските натпревари во Украина во престојниот викенд, како и финалето на домашниот куп во наредниот четврток, ќе бидат играни пред празни трибини од безбедносни причини, соопшти денеска Фудбалската федерација на Украина. Поради тензиите и нередите во источна Украина, натпреварите кои требаа да се играат во Доњецк, Луханск, Харкив и Одеса, ќе се играат на други места.
XS
SM
MD
LG