Достапни линкови

Воена парада на Црвениот плоштад во Москва


Црвен Плоштад, Москва, 09.05.2014

Црвен Плоштад, Москва, 09.05.2014

Рускиот претседател Владимир Путин, обраќајки се на прославата на Денот на победата над фашизмот на Црвениот плоштад во Москва, изјави дека ова е најголемиот празник во Русија, кој е извор за патриотизмот и гордоста на рускиот народ. Путин оцени дека силната волја и растегливоста на рускиот народ ја спасиле Европа од ропство. На Црвениот плоштад се одржува и воена парада, на која учествуваат околу 11 илјади војници и голем број воени возила и опрема. Годинешното одбележување на Денот на победата над фашизмот во Москва има и дополнителен патриотски набој поради анексијата на украинскиот полуостров Крим.
XS
SM
MD
LG