Достапни линкови

Стејт департмент: Проширувањето нема да биде главна тема на самитот на НАТО


Проширувањето на НАТО нема да биде една од главните теми на самитот на Пактот во Велика Британија, но Алијансата ќе остане отворена за земјите кои се заинтересирани да и се приклучат и САД ќе продолжат да ги поддржуваат на тој пат, изјави портпаролката на Стејт департментот Мари Харф.на новинарското прашање за тоа што може да се очекува на самитот во Велика Британија во септември.
Како што јавува МИА Харф воедно рече дека САД не загубиле интерес во балканскиот регион.

- Повеќе од 20 години нашиот ангажман во регионот е воден од желбата да ги оддржиме аспирациите на земјите од Западен Балкан да се интегрираат во евроатланските институции. Претседателот нема да го посети регионот при европската турнеја, но овие прашања остануваат и тие се најдобар начин да се обезбеди долгорочно просперитетот, изјави Харф.
XS
SM
MD
LG