Достапни линкови

Времето денеска-сончево со умерена облачност


Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 11, а дневната од 18 до 24 степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 22 степени.

До понеделник ќе се задржи топло и претежно стабилно време, само во сабота попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.
XS
SM
MD
LG