Достапни линкови

Киев не му дозволил на Рогозин да лета низ украинскиот воздушен простор


Рускиот заменик премиер Дмитри Рогозин.

Рускиот заменик премиер Дмитри Рогозин.

Рускиот заменик премиер Дмитри Рогозин на Твитер напиша дека украинските власти не му дозволиле на неговиот авион да лета низ украинскиот воздушен простор. Рогозин патуваше кон главниот град на Молдавија, Кишињев, за утре да земе учество на прославата на Денот на победата против фашизмот во молдавската сепаратистичка област Придњестровје. Рогозин соопшти дека неговиот авион бил принуден да лета низ романскиот и низ бугарскиот воздушен простор за да стигне до Молдавија, што е „одложување од околу 4,5 часа“, напиша Рогозин на Твитер. Молдавската министерка за надворешни работи Наталија Герман на 5 мај изјави дека не добила официјално известување за учеството на Рогозин на прославата по повод 9 Мај и го повика рускиот амбасадор да даде објаснување. Москва го поддржа прогласувањето на независноста на Придњестровје од Молдавија во 1990 година.
XS
SM
MD
LG