Достапни линкови

logo-print

Десетина повредени во сообраќајка на патот Тетово-Јажинце


Илустрација.

Илустрација.


Четири возила, од кои два автомобили, едно комби и еден трактор учествувале во сообраќајната несреќа што денеска околу 13 часот и 30 минити се случила на регионалниот пат Тетово-Јажинце на влезот во селото Слатино, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Според неговите првични информации, десетина повредени лица веднаш биле префрлени во тетовската клиничка болница каде им се укажала медицинска помош и се врши утврдување на видот и карактерот на повредите.

Во сообраќајката, за која причините сè уште се непознати, учествувале два автомобили и комби, сите со тетовски регистарски таблички и трактор без регистарски таблички.

Полицијата во моментот врши увид на местото од сообраќајката и работи на утврдување на причините како дошло до неа.
XS
SM
MD
LG