Достапни линкови

Сириските бунтовници разнесоа античка тврдина во Алепо


Илустрација.

Илустрација.

Сириските бунтовници денеска ја презедоа одговорноста за големата експлозија во близина на античката тврдина во градот Алепо на северот на земјата, во која, според бунтовниците, биле убиени 50 сириски војници.

„Нашите свети воини изутрината ја разнесоа касарната Карлтон хотел во Старо Алепо, како и голем број соседни објекти, при што беа убиени повеќе од 50 војници“, објави денеска на Твитер Бунтовничката алијанса Исламски фронт.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон објави дека бунтовниците ископале тунел под тврдината Карлтон хотел, која се користеше како база на владините сили. Тие велат дека во експлозијата загинале околу 30 луѓе. Државната сириска новинска агенција САНА објави дека „вооружени терористички групи ги разнеле тунелите што ги ископале под историските згради со што предизвикале големи оштетувања“, но не објавија ништо за евентуални жртви.
XS
SM
MD
LG