Достапни линкови

Тестирање проектили и воени вежби во западна Русија


Илустрација.

Илустрација.

Русија изврши тестирање на неколку балистички проектили кои беа лансирани за време на воените вежби во западните и северните делови на земјата и кои ги набљудуваше и претседателот Владимир Путин. Претставниците на руските сили за безбедност денеска изјавија дека армијата испалила интерконтинентална балистичка ракета Топол од Плесецк, како и неколку ракети со краток дострел од подморниците на руската Северна и Пацифичка флота. Заедно со Путин, воените вежби ги набљудуваат и претседателите на Белорусија, Ерменија, Таџикистан и Киргистан. За време на вежбите во западна Русија, стратешките бомбардери Ту-95 користеа и ракети земја-воздух. Се соопштува и дека бродови на руската Северна флота, предводени од носачот на авиони „Адмирал Кузњецов“ впловиле во Ла Манш, морскиот канал меѓу Велика Британија и Франција. Путин соопшти дека маневрите биле планирани во ноември и им кажа на претседателите што со него го следат вежбите дека руските нуклеарни одбранбени капацитети се силни и во „постојана готовност“.
XS
SM
MD
LG