Достапни линкови

Путин за 70-годишнината од Денот Д во Франција


Десантот на Нормандија.

Десантот на Нормандија.

Рускиот амбасадор во Франција соопшти дека претседателот Владимир Путин ќе учестува на прославата на 70-годишнината од Денот Д, односно Десантот на Нормандија, заедно со западните лидери на 6 јуни во Франција. Амбасадорот Александар Орлов денеска изјави дека Путин ќе присуствува на свеченоста по повод десантот на сојузничките сили во Нормандија во Втората светска војна. Тоа ќе биде прв пат Путин да има шанса лично да се сретне со западните лидери по почетокот на кризата во Украина и руската анексија на Крим во февруари годинава. На церемонијата ќе присуствуваат и американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел. Претходно, францускиот претседател Франсоа Оланд рече дека му рекол на неговиот руски колега дека е „добредојден“ на настанот.
XS
SM
MD
LG