Достапни линкови

logo-print

ЕУ чека дела по зборовите на Путин


Портпаролка на шефицата за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, Маја Коцијанчич.

Портпаролка на шефицата за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, Маја Коцијанчич.

ЕУ денеска соопшти дека одблиску ги следи настаните во Украина, да види дали рускиот претседател Владимир Путин ќе делува откако најави повлекување на руските војници од украинската граница.

Портпаролка на шефицата за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, Маја Коцијанчич, рече дека ЕУ ги чула забелешките на претседателот Путин за претседателските избори во Украина закажани за 25 мај, неговиот повик за одложување на референдумот во источниот дел на Украина, како и најавата дека ќе ги повлече руските сили од границата со Украина.

„Ова е чекор што може да ги намали тензиите и се разбира дека ние одблиску ќе го следиме развојот на настаните на теренот да видиме дали зборовите се следени со дела, со акција“, рече таа и додаде дека референдумот за независност планиран од пруруските сепаратисти во источна Украина „нема да има демократски легитимитет и може само да ја влоши ситуацијата“.
XS
SM
MD
LG