Достапни линкови

logo-print

Лошите услови во дел од приватните фирми, потребата од партиска книшка за вработување во државна фирма, ги тера младите да одат во странство.

Владата промовираше мерка за вработување на младите до 29 години со тоа што ги ослободува фирмита од плаќање придонеси за една година, но прашање е колку тоа ќе биде успешно. Експертите коментираат дека оваа мерка не е решение само по себе, туку треба да биде надоградена и со други чекори.
Тој механизма, вработување по партиска линија, владата доста го користи. Другата опција, што е веќе многу алармантно во Македонија, е што голем дел, особено младо население ни бега од државата.


Големо ограничување на ефектот на мерката може да биде преголемата ангажираност на вработените во приватните компании, каде еден работник завршува работа за двајца или тројца работници, посочува професор Здравко Савески. Кога има зголемен обем на работа нивниот мотив не е дополнително да вработат луѓе туку дополнително да ги преоптоварат вработените потенцира Савески. саем за вработување и пракса - Контакт организиран од студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

саем за вработување и пракса - Контакт организиран од студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.



„Треба мала промена на даночната и на буџетската политика со цел да не им се дозволува премногу на газдите, бидејќи тие имаат премногу слободен простор за маневар. Тие наместо парите да ги трошат за нови вработувања, инвестиции, тие ги трошат за лична акумулација на средства по банкарски сметки и слично.“
Работев тука околу една година, примањата слаби, лоши услови, и поради лоши услови за работа и лоши финанскиски услови отидов во странство. Таму е многу подобро, во финансиски смисла, во смисла на работни услови, се знае работно време и сите тие работи.


Помалку е веројатно дека владата ќе се согласи да вработува млади луѓе во јавната администрација врз основа на нивната стручност, додека немаат партиска книшка дополнува Савески. Тој оценува дека во Македонија реално нема простор каде да се вработат младите и затоа тие одат во странство.

„Тој механизма, вработување по партиска линија, владата доста го користи. Другата опција, што е веќе многу алармантно во Македонија, е што голем дел, особено младо население ни бега од државата.“

Младите луѓе во Македонија кои безуспешно чекаат да најдат работа велат дека она што може да биде пречка да се вработат во приватна компанија е што работодавчите ги кршат работничките права. Такво е искуството на еден млад човек кој повеќе нема планови тука да бара работа бидејќи пред една година во потрага по егзистенција заминал во Грција.

„Работев тука околу една година, примањата слаби, лоши услови, и поради лоши услови за работа и лоши финанскиски услови отидов во странство. Таму е многу подобро, во финансиски смисла, во смисла на работни услови, се знае работно време и сите тие работи.“

Слично размислуваат најголем дел од младите луѓе кои велат дека доколку имаат избор би заминале да работат во странство наместо да работат во приватни фирми иако владата превзема обврска за нивно пријавување.

„Сега бев на интервју, секаде велат - ќе ти се јавиме, ти останува само да чекаш, толку.“

Експертите ја нагласуваат потребата од целосна промена на макро економската политика, а не, како што велат, од изолирани мерки. Еден од проблемите според нив е и структурата на активните мерки за вработување. Сумата од буџетот што оди за активните мерки за вработување е мала, а самите мерки не се трајни, велат тие.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG