Достапни линкови

Заев: Има група во СДСМ која е за смена на раководството


Има одредена група на мои социјалдемократи коишто мислат дека оваа раководство не треба да добие доверба и имаат свои аргументи, но ако на конгресот му биде изгласана доверба на раководството, партијата ќе продолжи да биде раководена од истите луѓе, вели Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Господине Заев она што сите го очекуваат е претстојниот конгрес на најголемата опозициска партија в недела. Кажете ни за што ќе расправа раководството на партијата на конгресот, односно кои прашања ќе бидат на дневен ред?
Многу е логично во една огромна партија како што е Социјалдемократскиот сојуз да има разноликости, да има различни ставови, различни мислења и тоа е убавината на демократијата, тоа е богатството на мојата партија.


Ова е редовен конгрес за доверба. Согласно статутот на СДСМ, после секои парламентарни избори следува конгрес на доверба, без разлика каков е резултатот, каква е специфичноста на изборите или слично, од таа причина овој конгрес е конгрес за доверба на органите и телата избрани на конгрес. Ако на конгресот му биде изгласана доверба на секој од овие органи и тела на партијата, партијата понатаму ќе продолжи да биде раководена од истите коишто и во последните 11 месеци, на изборниот конгрес лани беа избрани.

Слушнавме доста шпекулации дека постои раздор во најголемата опозициска партија и за секакви сценарија околу исходот на конгресот и што понатаму. Што од тоа е вистина? Дали во недела може да очекуваме да се избере ново раководство?
Стратегиите коишто ќе ги развиеме се веќе дефинирани, јасно и гласно, конечните цели се поставени, а тоа е слободни и демократски избори, земја подготвена тоа да го спроведе, како и земја подготвена во неа да владее правото.


Многу е логично во една огромна партија како што е Социјалдемократскиот сојуз да има разноликости, да има различни ставови, различни мислења и тоа е убавината на демократијата, тоа е богатството на мојата партија. На конгресот ќе има голема дебата. Ќе има анализа на непризнавањето на изборниот процес. Партијата е едногласна дека не треба да се признае изборниот процес. Секако има одредена група на мои социјалдемократи коишто мислат дека оваа раководство не треба да добие доверба и имаат свои аргументи.

Дали ако во недела се изгласа недоверба на актуелното раководство, дали тоа автоматски ќе значи постапка за избор на ново раководство?

Тоа значи дека во конкретнен, дефиниран со статус, период, од 30 до 60 дена да се закаже изборен конгрес, каде што ќе се номинираат кандидати и ќе се бираат и кандидати за претседател, Централен одбор, Надзорен одбор на партијата.

Имате ли стратегија или некаков план за вашето вонпарламентарно дејствување?

Постои начелна платформа, која е изработена, која е многу логична, која после конгресот ќе биде усвоена од органите и телата на партијата. Се работи за динамична материја која и откако ќе биде усвоена ќе биде отворена за измени и дополнувања, заради следните чекори кои што ќе дадат можност за широчина, заради придвижување кон целта. Стратегиите коишто ќе ги развиеме се веќе дефинирани, јасно и гласно, конечните цели се поставени, а тоа е слободни и демократски избори, земја подготвена тоа да го спроведе, како и земја подготвена во неа да владее правото. Стратегијата е многу важна работа, заради тоа што има за конечна цел нормализација на работите во Република Македонија.

Може ли да откриете дел од тие механизми или чекате да помине конгресот за да се добие некакво зелено светло и од останатите членови?

Ќе дозволите сето ова првин да го споделам до членовите на СДСМ, со органите и телата на партијата, за да може да биде утврдена, за да може после тоа да биде соопштено на јвноста.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG